Катарина Ивановска: Кога бев тинејџерка јадев кога сакам и што сакам!
Оваа недела ви откриваме дел од тинејџерските години на манекенката со интернационална кариера - Катарина Ивановска.
Кики многу рано заплови во манекенските води и неретко се сеќава на своето прво зачекорување на модните писти.
„Имав 16 години, ревијата беше во Њујорк за австралискиот бренд Sass and Bride“, изјави во едно интервју Катарина.
Таа открива дека како тинејџерка немала комплекси и секогаш убаво се чувствувала во својата кожа.
„Кога бев тинејџерка јадев кога сакам и што сакам, затоа што бев физички активна. Никогаш не бев љубител на брзата храна“, открива таа.
Во повеќе наврати Ивановска откри дека во детството имала повеќе другари, дека во таа рана возраст едноставно не била многу вешта во комуникацијата со останатите девојчиња.
Македонската манекенка и модел со интернационална кариера фотографирана на тригодишна возраст.