Катја, ќерката на Наташа Беквалац го зема микрофонот, па се качи на бина: Реакцијата на пејачката е хит
Малата Катја играше на песната „Мјеркам те, мјеркам“ од Здравко Чолиќ...
Поп пејачката Наташа Беквалац отпатува со ќерките Хана и Катја на одмор на Копаоник.
По пристигнувањето, на својот Инстаграм профил сподели видео од ресторан, со кое ги насмеа своите следбеници.
Имено, Наташа ја сними помладата ќерка Катја како го држи микрофонот во раце и стои на бината, додека танцува на песната „Мјеркам те, мјеркам“ од Здравко Чолиќ. Секако, за доживувањето да биде комплетно, бендот зад неа свирел цело време.
„Не, не, не, Боже, те молам, не“ - напиша Наташа покрај видеото со кое ги разнежни сите.
За потсетување, Катја е втората ќерка на Наташа, која ја доби во бракот со Лука Лазукиќ. Кон крајот на февруари ќе наполни 4 години, а пејачката летово истакна дека е горда на неа, бидејќи на само 3 години научила да плива, а оваа зима застана и на скии.
фото: Инстаграм