Кеј Џеј Апа ќе стане татко: Тој и неговата девојка го очекуваат првото дете
Двојката веста ја сподели на Инстаграм со фотографија направена специјално за овој момент...
Актерот Кеј Џеј Апа откри дека го очекува првото дете со манекенката Клара Бери.
Тој на 19 мај на Инстаграм сподели фотографија на која се гледа како лежи на софа заедно со неговата девојка, а изгледа дека таа ја има повлечено маицата нагоре за да ѝ се види поубаво трудничкиот стомак.
Клара ја потврди среќната вест со неколку фотографии сподели на Инстаграм, означувајќи го Апа не стомакот, а во описот стави емотикон од готвач, за да се види дека нешто се „крчка“.
23 - годишниот актер под фотографијата напиша: „Помеѓу останатото, бремена е“, на што таа го дополни: „Ние сме“.
Неговата колешка, Лили Рејнхарт му упати честитки оставајќи три срциња под фотографијата.
Последната недела Клара престојува со него во Ванкувер, каде Кеј Џеј ги снима новите епизоди за серијата „Riverdale“. На почетокот на овој месец, двојката имаше романтично возење со хеликоптер, за да ги истражат ледените пештери во Канада, што особено ја израдува француската манекенка и инфлуенсерка.