Кејт го прекрши протоколот на кралското семејство? Облече фустан кој не е прв избор на жена со нејзина титула

Кејт го прекрши протоколот на кралското семејство? Облече фустан кој не е прв избор на жена со нејзина титула

Објавена во: Живот // Живот

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се појавија на светската премиера на филмот „No Time To Die“, а ова издание на војвотката од Кембриџ ги изненади сите.

Храбар моден избор и комбинација што жена со нејзината позиција и титула никогаш не би се осмелила да ја облече.

Додека принцот Вилијам се одлучи за класично црно одело и не отстапува од правилата, со тоа што избра сако од плиш, неговата прекрасна сопруга се осмели и облече долг фустан со светки.

Златниот фустан за кој Кејт се одлучи прекрши многу правила од протокол на кралското семејство.

За почеток, тоа е премногу воочливо, потоа, материјалот со светки не е типичен за принцезите, и има подлабоко деколте. Војвотката од Кембриџ оваа прекрасна комбинација ја надополни со светкави обетки, додека шминката на нејзиното лице, како и обично, беше дискретна.

фото: PROFIMEDIA

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: