Кејт Мидлтон ги рециклира и детските модни комбинации: Принцот Луи носеше кошула од својот татко, стара 37 години (ФОТО)
Духот на Дајана живее низ нејзините внуци...
На платинестиот јубилеј на кој се прославуваат 70 години од владеењето на британската кралица Елизабета Втора, членовите на семејството и со облеката испратија одредена порака до народот.
Кејт Мидлтон носеше бел капут-фустан, но и шешир кој потсетува на шеширите кои ги носеше Лејди Ди на смотрата на британските учесници во Заливската војна во 1991 година.
Војвотката овој капут веќе го носеше еднаш, што значи дека не е купен за оваа свеченост, а зад него се потпишува Александар Меквик. Шеширот во контрасно морнарскосина боја, кој е искомбиниран со бело го има изработено Филип Трејси.
Кејт на парадата се возеше во кочија со свекрвата Камила Паркер Боулз и своите три деца принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи, по која од балконот на Бакингемската палата заедно со кралицата Елизабета Втора ги поздравија сите присутни.
На првото јавно појавување, најмладото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот Луи, беше облечен во комплет со порака. 4-годишниот принц многумина ги врати во далечните времиња, појавувајќи се во облеката која како дете ја носел неговиот татко, принцот Вилијам.
Принцот Луи се појави во комплет инспириран од морнарскиот стил, во кој се истакнува белата кошула со сини детали.
Имено, овој комплет е стар 37 години, а за принцот Вилијам пред многу години го одбра неговата мајка, принцезата Дајана.
На „Trooping the Colour“ во 1985 година, 2-годишниот принц Вилијам ја носеше токму оваа морнарска униформа.
Ова не е првпат, војвотката Кејт Мидлтон да ги облекува своите деца во симболични модни парчиња, кои се чуваат во кралската колекција уште од детството на нејзиниот сопруг Вилијам. Исто така, таа е позната по рециклирањето на сопствените парчиња облека, не затоа не е изненадувачки фактот што истото го прави и со облеката на нејзините деца.
фото: Принтскрин / Инстаграм