Кејт Мидлтон откри што прави малиот принц за време на летниот распуст: Дали принцот Џорц ќе работи ова лето?

Кејт Мидлтон откри што прави малиот принц за време на летниот распуст: Дали принцот Џорц ќе работи ова лето?

Објавена во: Совети // Семејство

Како што изјави принцот Вилијам, тие сакаат да ги вклучуваат и навикнуваат децата на обврски...

Наскоро, војводата и војвотката од Кембриџ ќе ги пречекаат своите деца кои ги завршуваат училишните обврски и одат на летен распуст. Принцот Џорџ и принцезата Шарлот веќе завршија со училиштето, но предучилишните обврски на малиот Луис завршуваат дури на 6 јули, кога конечно ќе бидат сите заедно.

Како што пишуваат медиумите, Вилијам и Кејт многу се радуваат на тоа, бидејќи по Платинестиот јубилеј, конечно ќе можат да поминат некое време заедно, а како што се пишува, најверојатно ќе одмараат во нивниот дом во Норфолк, а токму тоа е местото каде принцот Џорџ ќе работи една работа.

За време на нивната посета на фармата со кози во Велс, Кејт откри дека 8-годишниот Џорџ помага околу имотот. Кога принцот Вилијам ги прашал сопствениците на фарбата за роботот што чисти силажа во една од нивните штали, тие објасниле дека го користиле за преместување сточна храна, што ја поттикна Кејт да открие:

„Тоа беше работа на Џорџ за време на распустот“.

Принцот Вилијам порано зборуваше за вклучувањето на децата во земјоделството, а во една прилика тие помагале да се достават јагниња, што исто така му се допаднало на Џорџ.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: