Кејт Мидлтон повторно го воодушеви светот: Суптилно ѝ оддаде почит на покојната принцеза Дајана
Војвотката Кејт Мидлтон ѝ оддаде почит на покојната свекрва, принцезата Дајана на суптилен и несекојдневен начин.
Имено, за време на самитот Г7, војвотката од Кембриџ ја носеше нараквицата од принцезата Дајана. Таа и принцот Вилијам го поминаа попладнето со Џил Бајден и светските лидери. Кејт освен со Вилијам, беше во друштво и на кралицата Елизабета Втора и Камила, сопругата на принцот Чарлс.
Она што го привлече вниманието на сите беше бисерната нараквица, направена со дијаманти, која изгледа дека некогаш ѝ припаѓала на принцезата Дајана.
Дајана, бисерната нараквица ја носеше неколку пати и тоа во 1989 година за време на посетата на Хонг Конг, а Кејт од друга страна, нараквицата ја носеше во 2017 година во Берлин и за време на кралската посета на Шведска во 2018 година.
фото: Profimedia