Кејт Мидлтон во боја која ретко која жена ја сака: Дали цикламата е добар избор?
Кејт Мидлтон е позната по класичниот стил на облекување, но од време на време нè воодушевува или со необичен фустан или со боја која секој пат ја изнесува беспрекорно.
Па така, вчера таа се појави со својот сопруг, принцот Вилијам во Северна Ирска каде што ја посетија зоолошката градина, а за таа пригода, убавата Кејт облече костум во циклама боја со црна ролка и црни чевли. Имаше црна чанта во раката додека косата ѝ беше врзана во едноставно коњско опавче.
Во оваа посета, кралската двојка откри дека и тие самите посвоиле многу животни и тоа особено од почетокот на карантинот.
Како ви се допаѓа ова издание на идната кралица?
фото: Profimedia