Кембриџ со онлајн предавања сè до лето 2021 година
Овој универзитет се подготвува да објави виртуелна настава за следната учебна година...
Кембриџ е првиот универзитет што ги потврди мерките за учебната година 2020/2021, најавувајќи дека ќе ги премести сите предавања преку Интернет. Институцијата додаде дека „највеоројатно“ социјалното растојание ќе продолжи да се бара.
Исто така од универзитетот истакнаа дека онлајн предавањата ќе продолжат до летото 2021 година, но доколку е можно ќе организираат помалите наставни групи да имаат предавања во живо.
Потпаролот рече: „Универзитетот постојано се прилагодува на променливите совети исто како што тие се појавуваат во текот на оваа пандемија. Со оглед на тоа дека најверојатно социјалното растојание ќе продолжи да се бара, универзитетот одлучи дека нема да има предавања лице - в - лице во текот на следната учебна година“.
Целата настава на универзитетот беше преместена во март, а студентите оттогаш ги следат онлајн предавањата.
фото: Andrew Couldridge / Reuters