Кендал Џенер има ново момче: Уловена е како се бакнува со познат пејач (ФОТО)

Кендал Џенер има ново момче: Уловена е како се бакнува со познат пејач (ФОТО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

До неодамна беше со Девин Букер, но по неколку раскинувања, сега на таа врска навистина стави крај...

Кендал и Девин постојано раскинуваа и ја обновуваа врската. Тоа и не звучи како некоја здрава врска, а сега изгледа засекогаш ја прекинаа. Уште од февруари се зборува дека Кендал е во врска со еден пејач, а бакнежот кој беше уловен сега потврди дека навистина се случува нешто.

Се зборуваше за нив, но немаше докази дека навистина има нешто повеќе од пријателство. Секако, сѐ досега! Папараците ја следат Кендал во чекор и сигурно е свесна за тоа, па некако сметаме дека намерно сега одлучи да открие дека се гледа со некое ново момче. Невозможно е да не размислила барем на една секунда дека бакнежот на јавно место ќе остане незабележан. Уловени се како се бакнуваат по заедничката вечера. Нејзин сегашен избраник е познатиот латино пејач Бед Бани, или како што навистина се вика Бенито Антонио Мартинез Окајо.

Биле на вечера со Кајли и уловени се како излегуваат од ресторанот, а нешто подоцна бил уловен и бакнежот. Повеќе нема шпекулации и јасно е дека има нова двојка на сцената.

Ниту Бед Бани, ни Кендал уште немаат ништо споделено на своите профили на социјалните мрежи преку кои ги проговориле за оваа врска, но многу наскоро може да очекуваме нешто. Кендал е единствена сестра од кланот Кардашијан - Џенер која како да избегнува да го споделува својот љубовен статус со јавноста и често своите момчиња добро ги крие и не го прикажува премногу тој дел од својот живот.

Тие се двојка која најверојатно никој не би ја споил на прва и не би помислил дека ќе завршат заедно, но во Холивуд се спојувале и почудни парови.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: