Кендал Џенер во комбинација која оваа пролет сите ќе ја копираат (ФОТО)

Кендал Џенер во комбинација која оваа пролет сите ќе ја копираат (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Во една модна комбинација има искомбинирано некои од најголемите трендови ...

Кендал или има многу добар вкус или има одличен стилист. Не знаеме кој ѝ помогнал околу комбинацијата во која неодамна се прошета низ улиците во Париз, но сите се воодушевени, бидејќи на себе го имаше она што ќе се носи оваа пролет.

Париз еден од главните градови во кои се одржува Модната недела и секако дека сите љубители на модата се упатија кон овој град. Кендал беше дел од неколку ревии, но она што на сите им падна во очи е комбинацијата која ја носеше во слободното време. Иако на прв поглед не изгледа ништо посебно, всушност ги воодушеви девојките. Искомбинирани се некои од најголемите тренодви кои ќе се носат оваа пролет, изгледа удобно и како нешто што без проблем би можеле да го носиме секојдневно. Таквите комбинации ни се најдраги, а оваа што ја носеше Кендал е толку едноставна, а во исто време и одлична.


Трапез фармерки - тренд број еден за оваа пролет. Кожена бомбер јакна - идеална за во пролет и нешто што ќе се носи. Кожените јакни се хит секоја пролет, а ова е начин да се истакнете и да изгледате поинаку. Секако има и мала чанта, уште нешто што е ИН. Како и качкетот. И сѐ заедно изгледа топ. Еден профил на Инстаграм дури направи преглед на целата комбинација, во кој може да се дознае од каде може да се купат сите модни парчиња кои Кендал ги има на себе. И секако дека станува збор за дизајнерски парчиња кои поголемиот дел од нас не можат да си ги дозволат, но поради тоа што станува збор за едноставни парчиња, многу лесно може да им се најде евтина замена.

Кендал во слободно време носи комбинации кои се многу едноставни, не се сексапилни, ниту се „too much“, и затоа многу девојки ја копираат. Иако ни изгледа дека сѐ што ќе стави на себе изгледа супер, последната комбинација сигурно ќе им одговара на сите, дури и ако не изгледате како модел.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: