Кендал Џенер за внатрешниот мир и пишувањето дневник: Со секое поглавје станува сѐ поисполнета
Кендал Џенер го има пронајдено внатрешниот мир, а тоа го откри во интервјуто за „i-D's Spring 2022 The Out Of Body Issue“. Имено, манекенката се насочи на својот огромен бес кон папараците во минатото и спокојот кој сега го има пронајдено. Својата смиреност ја препишува на различни терапевтски хобија, како што се читањето, вежбањето и водењето дневник еднаш или двапати неделно, за да ги победи анксиозноста и депресијата.
Кендал сподели: „Некогаш бев многу лута. Мислам, буквално можете да пронајдете стари видеа на кои им викам на папараците без причина, но и од многу очигледна причина. Сега сум многу помирна“.
На прашањето како дошло до промена, манекенката наведе дека тоа е тешко да се објасни: „Претпоставувам дека тоа е само нешто со што учиш да живееш“.
Бидејќи Кендал својот внатрешен мир го има најдено во различните терапевтски хобија, со сите сподели неколку совети: „Важно е да имате простор кој е само за вас, каде можете да ја пуштите својата среќа, својот бес, фрустрации и стрес, работите кои ве плашат, работите кои ве прават среќни, па дури и само некои идеи“.
И додека прелевањето на чувствата во дневникот ја поттикнува да се чувствува поотворено и послободно, смаиот дневник ѝ е затворено засолниште: „Тоа е како старомоден дневник. Има катанец на себе, па јас го кријам, заклучувам: мој е толку таинствен. Јас велам, никој никогаш не може да го добие ова“.
Освен што пишувала во својот дневник, ријалити ѕвездата кажа дека далеку од тоа дека завршила со пишувањеот на сопствената приказна: „Сѐ уште се чувствувам како да не сум потполно формирана, но со секое поглавје како да станувам малку поисполнета“.
фото: Инстаграм