Кендал Џенер започна драма на Твитер: Сѐ се случи откако облече фустан како и Селена Гомез
Изминатиот викенд можевме да видиме како кланот Кардашијан - Џенер преслатко го прослави Каталичкиот Велигден во кругот на семејството. Тие на Инстаграм споделуваа фотографии од нивните деца додека собираа украсени јајца, но тука беше и Кендал Џенер која сподели фотографија во цветен розов фустан додека држи кокошка во рацете. Овој фустан веднаш на сите им падна во око, бидејќи ист таков носеше и Селена Гомез во спотот кој го објави порано оваа година.
Кендал Џенер го прослави Велигден во розов цветен фустан, кој Селена Гомез го носеше во својот спот за песната „De Una Vez“. Овој избор на облека не помина незабележано кај обожавателите кои веднаш ги забележаа идентичните фустани. Но, самата Кендал предизвика мала драма кога го сподели и искоментира својот избор на облека на Твитер. Подоцна ја тргна својата објава, но профилот за вести поврзани со познатите личности „Popfaction“ веќе имал направено принтскрин од објавата.
Во твитот од еден од обожавателите на Кендал се вели: „Кендал Џенер го носи овој фустан подобро од кој било друг“ - алудирајќи на споредбата со Селена. Џенер го сподели ова на својот профил и додаде: „Морав да ја однесам дома по снимањето“. Таа на крајот го избриша својот твит, но предоцна, бидејќи предизвика реакции кај обожавателите на Селена. Официјалниот фан клуб на пејачката ја забележа драмата и даде дрзок одговор. Имено, фан клубот го сподели твитот на Џенер со нејзините фотографии во фустанот и напиша „Stream #Revelación“, како да е фотографија на самата Селена.
Селена и Кендал беа пријателки во минатото, бидејќи и двете се дружеа со Тејлор Свифт. Во едно интервју од 2016 година, Гомез откри дека Џенер има момче. Тогаш рече: „Ниту една девојка од мојата група не е слободна. Тејлор не е слободна, Џиџи не е слободна, како ни Кендал. Јас сум единствена!“. Работите изгледа станаа поладни помеѓу Селена и Кендал, со тоа што веќе не се ни следат на Инстаграм.
фото: Принтскрин / Инстаграм