Кендал и Кајли Џенер на маскембал пред повеќе од 20 години: Фотката на која позираат како девојчиња со мама и тато предизвика лавина коментари
Денес се највлијателните сестри на светот...
Најмладите членови на семејството Кардашијан - Џенер, Кајли и Кендал со секој свој потег привлекуваат неверојатно внимание во јавноста, а така беше и на дочекот на Новата година, која ја дочекаа заедно со пријателите.
Познатите сестри важат за најстилизираните и највлијателните млади дами во светот, што покажуваат и со секое свое појавување во јавноста.
Кајли неодамна го прослави првиот роденден на својот син, кој го доби со Тревис Скот. Неговото име не откриваа до прославата по повод првиот роденден, која беше вистинска мала бајка.
Таткото на Кајли и Кендал Џенер, Кејтлин Џенер пред неколку години одлучи да го промени полот, а непосредно потоа призна дека до тоа не би дошло доколку неговите ќерки се противеле на таа одлука.
Сепак, нејзината ќерки, Кендал и Кајли Џенер кажаа дека ова искуство само им помогнало да го зајакнат односот со својот татко.
„Кога мојот татко за првпат се изјасни како трансродова личност, нашата конекција автоматски се зголеми. Кејтлин конечно беше искрена со мене. Од тогаш почнавме да зборуваме за нејзиното долго криење на емоциите. Додека растевме, тоа не се случуваше, тато ги избегнуваше разговорите за чувствата, затоа сметам дека промената на полот беше голем чекор за нашиот однос“ - призна Кендал.
„Поради храброста на тато научив многу за љубовта и тоа како да се гордеам со оние што ги сакам. Кејтлин е мојот пример за цел живот“ - заклучи Кендал.
Кајли ја потврди изјавата на сестра ѝ, нарекувајќи ја Кејтлин вистински херој на модерниот свет.
Сега на една Инстаграм страница која објавува фотографии од познатите, се појави фотографија од Кендал и Кајли Џенер од детството, кои во 1999 година маскирани позираат со своите мајка и татко.
фото: Принтскрин / Инстаграм