Кендал, Кајли и Крис побегнаа од пандемијата: Се одмараат во луксузен ресорт

Кендал, Кајли и Крис побегнаа од пандемијата: Се одмараат во луксузен ресорт

Објавена во: Совети // Семејство

Само тие знаат како да уживаат, нели?

Пандемијата во Лос Анџелес не стивнува, па Кендал, Кајли и Крис побегнаа во луксузното одморалиште во Колорадо. Иако не е препорачливо да се патува, Кајли, Крис и Кендал решија новата година да ја поминат надвор од Лос Анџелес, кој е исто така центар на пандемијата во Америка, а според различни извори, тие се придржувале до некои мерки.

Кајли одлучила да сподели неколку фотографии од нивниот привремен дом во Колорадо, а според „Дејли меил“, цената за изнајмувањето во ова луксузно одморалиште достигнува 450.000 долари месечно!

Одмаралиштето се протега на 20.000 квадратни метри, има седум спални соби и седум бањи, а за забава нуди домашно кино, затворен базен и куглана.

Вилата е елегантно украсена во кафеави нијанси, а Кајли им дозволи на своите следбеници виртуелно да ѕирнат во нејзината вила. Турата започна од ходникот, каде што има мал бар за гости и големи прозорци кои даваа добар поглед на снегот што паѓа надвор. Кајли го покажа и замрзнатиот надворешен базен кој не се користи во зима.

Потоа, Кајли нè однесе низ остатокот од куќата, па можевме да го видиме затворениот базен веднаш под дневната соба, кугланата и остатокот од внатрешноста. Кајли објасни дека на катовите сè е оградено и безбедно за мали деца, бидејќи нејзината ќерка Сторми е на одмор со неа.

Џенерс не поминуваат многу време дома, па фотографиите покажуваат дека времето го поминуваат  и на скијање и уживање во зимските радости. Кајли објави фотографија од Сторма додека борда, а фановите ја пофалија дека е навистина добра за нејзините години.


Кајли се пофали и со облеката што ја носеше тој ден. Носеше црна капа и сива зимска јакна од скапиот бренд Прада, а во објавата напиша „Каков начин да ја започнете годината“



Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: