Кија го искоментира момчето на Цеца: Кога ќе бидам на нејзини години...

Кија го искоментира момчето на Цеца: Кога ќе бидам на нејзини години...

Објавена во: Живот // Живот

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ во последните неколку месеци ужива во хармонична емотивна врска со Богдан Срејовиќ, кој е девет години помлад и никој не остана рамнодушен на оваа вест.

Имено, врската помеѓу пејачката и младиот менаџер ја искоментираше и Кија Коцкар, која и самата истакна дека сака помлади мажи.

„На момчето на Цеца ништо не му недостасува. Не е важно што тој е помлад од неа, па и јас сакам „пилешко“. И кога ќе бидам на возраст од Цеца, ќе барам само помлади момци од мене. Знаете како велат: „Помладото секогаш е послатко“ - признала Кија и додаде дека Ражнатовиќ не треба да обрнува внимание на негативните коментари поради разликата во возраста во однос на нејзиниот партнер.

„Тие се убава двојка и најважно е што се среќни. Она што другите го кажуваат не треба да ги интересира! Се надевам дека ги игнорираат ваквите глупости.“

Инаку Кија не го познава Богдан лично, но верува дека е добро момче, бидејќи имаат заеднички пријатели.

„Тој се дружи со многу мои добри пријатели, скоро беа заедно на една забава. Доколку тие поминуваат време со него, значи дека е квалитетно момче. Го познавам своето друштво и знам дека не би се дружеле со било кој“ - рече пејачката за Хит.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: