Ким и Клои Кардашијан во металик костими за капење: Сестрите верно ги следат модните трендови (ФОТО)
Сестрите Кардашијан во последно време не престануваат да ги импресионираат следбениците со фотките во костими за капење...
Клои и Ким Кардашијан го започнаа семејното летување на островите Туркс и Каикос, а она што најмногу ги радува нивните обожаватели се фотките кои сестрите секојдневно ги објавуваат.
Клои и Ким вчера објавија фотки во црни костими за капење, а денес преминаа на нешто сосема поинакво. Имено, сестрите своите извајани тела ги покажаа во металик костими за капење, кои оваа година се апсолутен хит.
Ким носеше металик бикини кои ги имаше искомбинирано со необични футуристички очила за сонце, а за разлика од својата сестра, Клои носеше едноделен костим за капење.
Клои се одлучи и за накит, па стави ланче и големи обетки, а ниту футуристичките очила за сонце не недостасуваа.
фото: Принтскрин / Инстаграм