Ким Кардашијан ги облече „најскинатите“ фармерки досега: Дали претера овој пат? (ФОТО)

Ким Кардашијан ги облече „најскинатите“ фармерки досега: Дали претера овој пат? (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Тие речиси немаат никаков материјал...

Ким Кардашијан има карактеристичен стил на облекување, но понекогаш сепак успева малку да не изненади. Фармерки како оние што ги носи на нејзината последна фотографија на Инстаграм, најверојатно ретко кој има храброст да ги носи во јавност.

Ким Кардашијан иам стил кој варира помеѓу „обично“ и „апсолутно over the top“, а овој пат отиде во друга крајност. Беше невозможно да не се забележи нејзината најнова комбинација, бидејќи отскокнува. Главниот дел од комбинацијата се секако фармерките. Најискинатите фармерки кои постојат. Речиси е невозможно да бидат повеќе скинати од тоа што се. Единствен материјал кој го имаат е страничниот дел од ногавиците. Секако дека на неа ѝ стојат топ, но ретко кој би имал храброст да износи нешто вакво во јавност. Не покажа какви се од задниот дел, но се надеваме дека таму сепак имаат материјал.


Дали се кул или Ким овој пат малку претера? Дефинитивно се посебни, тоа никој не може да го порече. Од друга страна, не изгледаат многу удобно ниту нешто во што би сакале да поминеме повеќе од еден час. Најважно прашање е како успеала да ги облече? Кога некои фармерки имаат повеќе скинати отвори, носата постојано ни поминува низ нив додека ги облекуваме. И тоа некогаш знае да трае подолго отколку што е потребно. А, овие имаат навистина многу отвори. Нема шанси да пронајдеш фармерки со повеќе отвори од овие на Ким.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: