Ким Кардашијан ја промени бојата на коса: Нејзиниот фризер се пофали на Инстаграм (ФОТО)
Ким Кардашијан повеќе не е платинеста русокоса...
Промената не е драстична, а медено-златните нијанси совршено стојат на нејзиниот тен.
Прамените на косата и понатаму ѝ се до половината. Должината не ја променила, но затоа воодушевени со новата боја.
Нејзиниот фризер, Крис Еплтон, еден од најпознатите фризери, ја погоди идеалната нијанса за нејзиниот тен и се пофали на Инстаграм.
Пријателите на Крис беа воодушевени од промената на Ким, а многумина оваа боја на коса ги потсети на сестрата на најпознатата Кардашијанка. Имено, Клои веќе некое време е верна на оваа нијанса, кога е бојата на коса во прашање.
Ким е позната по тоа дека сака да експериментира со фризурите. Сепак, платинестото русата нијанса ја одржуваше уште од почетокот на мај, кога се подготвуваше за Мет Гала.
фото: Принтскрин / Инстаграм