Ким Кардашијан непрепознатлива: Новите веѓи се виновни за тоа

Ким Кардашијан непрепознатлива: Новите веѓи се виновни за тоа

Објавена во: Мода // Moj стил

Во последните неколку дена многу ѕвезди изгледоа од својата зона на комфортот и не изненадија. Селена Гомез, за која знаеме дека е многу несигурна во своето тело, објави нефотошопирани фотографии во бикини и не воодушеви сите. Ариана Гранде, која е позната по својата долга коса, сега драстично ја скрати и го промени имиџот. А, од семејството Кардашијан сега ни доаѓа и Ким,која стана непрепознатлива со своите нови веѓи.

Во четвртокот, минатата недела, Ким на Инстаграм сподели нова објава за својата компанија „SKIMS“, а на фотографијата ѕвездата има бледи, избледени веѓи и се руса коса. Следниот ден продолжи со објавувањето на деталниот поглед на својот нов стил, кој во описот на фотографиите го обележи со емотикон од вонземјанин.

Ваквиот изглед е многу непознат за многу нејзини обожаватели кои во моментот не можеа ни да ја препознаат поради новите веѓи и коса. „Дали тоа е Ким?“, „Не те препознав“, „Изгледа како Донатела Версаче“ - се само дел од коментарите кои ѝ ги напишаа следбениците под објавата.

Иако овој нов изглед нема да го задржи долго, сепак не е првпат Ким да има сличен стил, зошто минатиот април на Инстаграм се појави со ледени веѓи.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: