Селена Гомез објави фотка во бикини и порача: Не мора да изгледаш како модел за да се чувствуваш добро
Селена секогаш шири позитивни пораки, а во тој куп може да се додаде и оваа...
Кога доаѓа летото девојките стануваат многу оптеретени со тоа како изгледаат. Некои дури и со задоволство не носат бикини или носат едноделни модели - само за да го сокријат вишокот килограми кој го имаат.
Кога ги гледаме познатите кои на плажа во бикини изгледаат совршено, а потоа се погледнесуваме себе во огледало лесно стануваме незадоволни. Забораваме дека нивните фотографии веројатно се обработени, но и дека имаат апсолутно поинакви животи од нашите, дека вежбаат секој ден со лични тренери, дека се хранат поинаку - бидејќи мораат, но и дека одат на различни козметички зафати за да изгледаат како што изгледаат. Затоа сите сакаме кога некој ќе објави фотографија на која ни покажува дека изгледа и како нас останатите. Овој пат тоа е Селена Гомез. Таа на својот Инстаграм профил сподели стори во бикини, селфи кое не е обработено и на кое изгледа одлично.
Таа соработувала со брендот „La'Mariette“ за новата линија костими за камење, кои изгледаат одлично. Еден од тие костими кои ги носи на селфито е еден од моделите на новата колекција.
Селена изгледа одлично и со гордост ги покажа своите облини. Само затоа што не е слаба како типичните модели, не значи дека не изгледа добро во костим за капење. Обожавателите се воодушевени од фотографиите и сите се согласуваат со едно 0 изгледа многу добро!