Ким Кардашијан послаба од било кога: Новата неедитирана фотка го покажува загрижувачкиот изглед
Килорамите почна да ги губи за Мет Гала, а изгледа дека продолжила и потоа...
На фотографиите кои ги едитира не изгледа многу поразлично од порано, но на оние кои не се уредени пред да се објават, изгледа преслабо. Облините по кои е позната сѐ помалку доаѓаат до израз.
Ким на Мет Гала призна дека морала да изгуби 7 килограми за три недели за да влезе во легендарниот фустан кој го носеше Мерлин Монро. И успеа - токму во тој фустан се појави на Мет Гала. Потоа почнаа дебатите дека не е добро Ким, која ја следат многу девојки, да го промовира губењето на килограми во толку краток период.
Изгледа дека Ким не застанала на тие 7 килограми и дека и понатаму губи. Неодамна се пофали дека за еден месец изгубила дури 9.5 килограми. Иако на фотографиите кои ги обајвува тоа не изгледа толку страшно, бидејќи секако сите поминуваат едитирање пред да се објават, но има видео на кое го нема уредено своето тело. Дури и нејзиното семејство е загрижено поради тоа. Ѝ кажале дека е послаба од било кога.
Иако и понатаму има тело во облик на песочен часовник, полека почнува да ги губи своите познати облини. На обожавателите им кажа дека сега завршила со диетите и слабеење, бидејќи го постигнала изгледот кој го посакувала.
фото: Принтскрин / Инстаграм