Ким Кардашијан си ја отвори душата: Јас сум ужасна мајка
Барем
е искрена ...
На едно од последните интервјуа, Ким Кардашијан откри како изгледа нејзиниот живот во карантин и како се носи со обврските и децата. Риалити sвездата призна дека нејзините последни месеци биле неподносливи. Поради карантинот, таа мораше да паузира од патувањето и работата, а секојдневната грижа за децата ја исцрпува.
„Бидејќи Канје сега беше во изолација, претежно во нашата спална соба, сите одговорности паднаа врз мене. Постојано бев опкружен со деца. Тоа ме направи среќна на почетокот, а на крајот ме исцрпи. „Буквално ја слушам како ќерка ми плаче во другата просторија и воопшто не ми е гајле”, открила Ким додавајќи дека се чувствува како ужасна мајка.
"Знам дека многу луѓе минуваат низ истата работа, и дури сега ги разбирам. Сега сум дефинитивно сигурна дека треба да забавам и да бидам помалку критична кон себе. Да се задоволам понекогаш. Едно нешто сфатив, ако некогаш размислував за петто дете сега сум сигурна дека не го сакам тоа“, заклучи таа.
Фото: Инстаграм/kimkardasian
Можеби ќе ве интересира:
Каков егоцентрик: Ким Кардашијан ги разбесни обожавателите