Ким Кардашијан спие додека ѝ ја стилизираат косата: На урнебесната фотка сите зборуваат за еден детаљ
Фризерот на Ким Кардашијан, Крис Аплтон неодамна објави фотографија на која ја шиша најпознатата старлета на светот, која во тој момент заспала.
Имено, на фотографијата се гледа како Крис ја средува косата на Ким додека таа спие и тоа со отворена уста, а тој ја искористи можноста да се фотографира со неа во тоа издание.
„Те сакам Ким“ - напиша Крис во описот на објавата, а потоа Ким одговори:
„Навистина те мразам. Лол. Ме исцрпи“ - му одговори Ким во коментар.
Оваа објава насмеа и многу од неговите следбеници, па собра повеќе од 171.000 лајкови, додека и многу јавни личности ја искоментираа истата.