Ким ќе биде љубоморна: Кортни Кардашијан е прва од своите сестри на која ѝ успеа ова

Ким ќе биде љубоморна: Кортни Кардашијан е прва од своите сестри на која ѝ успеа ова

Објавена во: Мода // Moj стил

Во што е таа прва?

Во семејството Кардашијан - Џенер некако изгледа како Ким да е главна сестра. Таа секогаш е во центарот на вниманието повеќе од останатите и најмногу се зборува за неа. Единствена која повремено ја престигнува е Кајли, но ретко кога Кортни.

Важниот дел од „работата“ на овие ријалити ѕвезди е појавувањето на разни настани и одење по црвените килими. Досега, сестрите Кардашијан биле дел од многу важни настани, па дури и од Мет Гала, но никогаш досега ниту една од нив не била на црвениот килим за време на доделувањето на Оскарите.

Кортни Кардашијан е првата од ова семејство која успеа во тоа. Црвениот килим на Оскарите е едно од најпрестижните случувања во Холивуд и не е лесно само така да се дојде до него.

Иако досега биле на забавите по главната церемонија, никогаш досега не присутвувале на главниот настан и на црвениот килим. Оваа година Кортни се прошета и на овој црвен килим и тоа со својот вереник, Тревис Баркер, кој настапуваше на Оскарите. Кортни вчеравечер беше олицетворение на елеганцијата. Но, без нивниот страствен бакнеж не можеше да помине.

Кортни на многумина им е најдрага од сите сестри од ова семејство, бидејќи изгледа најприземна и најмалку пластично.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: