Ким секогаш одбира изглед пред удобност: Поради овој фустан повторно не можеше да оди - ѝ помагаа асистентите (ВИДЕО)
Ниту овој пат не сме изненадени од нејзиниот избор...
Ким Кардашијан често ја гледаме во изданија кои ретко кој би можел да ги износи освен неа. Поради едно од тие изданија, сега, повторно, тешко одеше, бидејќи во таква креација, каква што носеше таа не е лесно да се движи.
Не е непознат фактот дека Ким често сака да се истакне во масата, особено кога се во прашање некои поголеми настани каде се собираат голем број познати ѕвезди. Истото го направи и сега на Модната недела во Милано, каде се појави во прекрасен, долг, сребрено - светкав фустан. Но, проблемот кај тој фустан беше движењето. Ова не е првпат да не може нормално да оди поради фустанот кој го носи, а во секоја таква ситуација помош бара од асистентите кои ѝ помагаат нормално да оди.
@steph_shep I’ll let you caption this
Funny Song - Cavendish Music
Проблемот се појавил, кога морала да се качува по скали, додека го носела тој фустан. Скалите биле огромен предизвик, бидејќи фустанот е неверојатно тесен и долг, па не можела нормално да ја крене ногата и да направи чекор. Не само тоа, туку во видеото се гледа дека едвај седнува во автомобилот, па очигледно е дека секогаш прво го избира добриот изглед пред удобноста. Во секој случај, Ким е вистинска сензација, бидејќи од себе знае да направи добра сензација. Да сакала да го сокрие фактот дека не може да се движи во тој фустан, не би го објавила ова видео кое покажува колку ѝ било тешко да се движи во него.
фото: Принтскрин / Инстаграм