Кина не му ја препушта моќта на Трамп толку лесно: Ништо од продажбата на ТикТок на „Мајкрософт“?
Тензиите помеѓу Америка и Кина уште повеќе се изразени, а откако Трамп одлучи да ја саботира работата на апликацијата ТикТок во САД и да ги казни оние кои отвараат работни места надвор од земјата, сега и Кина го затвора ударат?
Имено, со денови се шпекулира дека „Мајкрософт“ е сигурен купец на популарната апликација, дури и дека се здружил со „Волмарт“ на тој пат, но дека Кина изгледа успеала со еден потег да ги „замрси конците“.
Ројтерс наведува Владата на Кина го ревидирала списокот на технологии што не смеат да се извезуваат, односно за оние за кои е потребна дозвола за извос.
На таа листа е и компанијата „БајтДенс“ во чие сопствеништво е ТикТок.
Владата така практично ја забранила продажбата на америката подружница на ТикТок, бидејќи не е добиена нивна дозвола. Што значи, „БајтДенс“ сега повторно мора да бара официјално одобрување за продажба.
Таа постапка, не е ниту брза ниту едноставна, може да трае и 30 дена. Накратко, тоа значи дека кинеската компанија не може да го испочитува претходно утврдениот рок за продажба, а тоа е 15 септември.
Адвокатите на апликацијата ТикТок најавија дека детално ќе ја проучат одлуката која ја донела Владата на Кина. Што ќе се случува понатаму со оваа социјална мрежа во САД, останува да видиме...