Кирил Лазаров: „На првиот натпревар бев возбуден и имав трема!“
Оваа недела на своите тинејџерски денови се потсетува најдобриот македонски ракометар на сите времиња, најдобриот десен бек во Европа, човекот на кого му се поклонува светската ракометна јавност - Кирил Лазаров.
Кирил открива дека ракомет почнал да тренира уште додека бил во основно училиште, иако многу тренирал и бил целосно посветен на ракометот, како тинејџер бил многу скромен и воопшто не ни сонувал за успесите кои ги има постигнато денес.
„Ракомет почнав да тренирам во 5 одделение, веќе во шесто односно во седмо одделение бев целосно посветен на ракометот, тој период не ни сонував за вакви успеси“, откри во едно интервју Кирил.
Кире неретко се сеќава и на своите почетоци, на првиот одигран натпревар и на првиот постигнат гол.
„На првиот натпревар бев многу возбуден и имав дури и малку трема.“, ни откри тој.