Ќе биде добра мајка: Роналд Фенти, таткото на Ријана е пресреќен поради вестите дека ќе стане дедо

Ќе биде добра мајка: Роналд Фенти, таткото на Ријана е пресреќен поради вестите дека ќе стане дедо

Објавена во: Совети // Семејство

Тој од својот дом на Барбадос за еден магазин објасни како се чувствувал кога популарната пејачка му ги соопштила вестите дека е бремена и што мисли за тоа каква мајка ќе биде таа.

Шетајќи низ Њујорк со својот избраник Ејсап Роки, пејачката Ријана потврди дека е бремена, по што се крена голема прашина во медиумите.


Сега бременоста на познатата ѕвезда ја искоментира и нејзиниот татко, Роналд Фенти. Тој моментално престојува на Барбадос од каде за магазинот „Page Six“ даде изјава дека е многу восхитен поради вестите дека неговата ќерка е бремена и дека кога му ги соопштила скокал од среќа.

„Ријана отсекогаш зброуваше дека сака да има деца. Секогаш се грижеше за децата на своите роднини, така што сум сигурен дека ќе биде добра мајка“ - кажа тој за „Page Six“.

Фенти го запознал избраникот на неговата ќерка уште во декември 2020 година, кога таа го однела на карибскиот остров. Роналд ѝ кажал дека Ејсап Роки е многу интересно момче и дека му се допаѓа.

Да потсетиме дека односот меѓу познатата пејачка и нејзиниот татко, инаку поранешен алкохоличар и зависник до крек, некогаш беше многу проблематичен. Ријана минатата година се откажа од тужбата која ја покрена против татко ѝ, бидјеќи како што вели ја искоритил нејзината популарност поради сопствена забава. Се зборува дека тужбата ја повлекла, бидејќи тие двајца ги решиле проблемите.

фото: Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: