Ќе дадам сѐ од себе за да ти го олеснам трнливиот пат низ животот: Со емотивна порака Панчо му го честиташе 7-от роденден на помалито син (ФОТО)
Владимир Блажев, попознат како Панчо од ДНК или како Диџеј Шорти Пи со сопругата Маја ги има синовите Андреја и Марјан. Тој често споделува фотографии со наследниците, преку кои на своите обожаватели им дава увид на кој начин го поминува времето со нив.
Но, освен од секојдневните активности, Панчо споделува фотографии и од нивните родендени. Така, овој пат раперот сподели две фотки од роденденот на помалиот син Марјан, кој вчера наполни 7 години.
„Со Маки сме на LUCKY 7. Ти посакувам само да си среќен и здрав. Сѐ што можам јас да ти ветам е дека ќе бидам секогаш тука за тебе и ќе дадам сѐ од себе за да ти го олеснам трнливиот пат низ животот. Те сака тато, твојот вечен слуга.“ - напиша на покрај фотографиите гордиот татко.
Инаку, неодамна во интервју за Женски магазин раскажа какви деца се неговите синови и кои свои особини ги препознава кај нив:
„Скромни и дружељубиви. Драго ми е дека се воспитани и лично јас имам некои принципи кои пробувам да ги имплементирам врз нив додека се мали. Деца како деца палави се и сè уште е рано да препознаам мои особини во нив. Среќен сум што Андреја сака спорт и во моментов тренира фудбал, а Марјан е маалска маскота што значи дека има големи шанси да тргне по моите стапки. Тоа значи тешко мене, но нека се живи и здрави. Како ќе старееме без проблеми, нели?“
фото: Принтскрин / Инстаграм