Ќе ги нема омилените ликови: Новата сезона од серијата „Elite“ почнува во јуни

Ќе ги нема омилените ликови: Новата сезона од серијата „Elite“ почнува во јуни

Објавена во: Stars // Филм

Објавено е видео кое ги открива новите детали...

Сега е и официјално - новата сезона на популарната серија на Нетфликс, „Elite“ ќе биде достапна од 18 јуни. Тоа е потврдено оваа недела со новите промо фотографии и видео, кои ни носат бројни изненадувања.

Во четвртата сезона ќе има неколку нови ликови, кои дефинитивно со себе ќе донесат драма. Во прашање се Ману Риос, Карла Диаз, Мартина Кариди и Пол Гранч, мистериозните деца, за кои и понатаму немаме дополнителни информации.

Тие ќе станат новите соученици на веќе познатите ликови, Саму, Гузман и Ребека, кои во минатата сезона дознаа дека ќе ја повторуваат годината. Освен овие тројца, во новите епизоди ќе гледаме и други познати ликови, како што се Кајетана, Омар и Андер.


Меѓутоа, не можевме, а да не забележиме дека во објавениот материјал ги нема омилените ликови, без кои серијата не би била она што е - Лу и Надиа. Како што веќе знаеме, тие две заминаа на студии во Њујорк, а изгледа дека тоа значи дека повеќе нема место за овие два лика во новите епизоди. Тоа го покажува и официјалниот IMdb профил на овие две актерки, каде пишува дека нивното ангажирање во оваа серија завршило во 2020 година.

Добрата вест е што Нетфликс потврди дека ќе има и петта сезона, што значи дека сѐ уште постои надеж дека оваа моќна двојка ќе се врати.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: