ЌЕ ИМА ЛИ КОЛОКВИУМСКА НЕДЕЛА НА УКИМ: Студентите очекуваат насоки
Студентите на повеќе факултети при УКИМ се уште се во очекување на насоки за претстојната колоквиумска недела. Дел од професорите велат дека електронски им праќаат материјали, но се уште немаат конкретни информации како процесот ќе тече понатаму.
-Студентите се подготвуваат исто како да ќе има колоквиумска недела, со изучување на материјалите кои им ги испраќаме. Доколку се одложи, ќе има завршни испити во јуни. Ова време најмногу го користиме за праќање материјали за изработка на семинарски работи, и потоа студентите електронски ни го враќаат сработеното. Ние сме во постојан контакт со студентите, ќе видиме како понатаму ќе функционираме, вели професор Зоран Матевски од Катедрата по Социологија на Филозофскиот Факултет на УКИМ.
Студентите, пак, конкретно од Економскиот Факултет велат дека официјално се уште нема насоки како ќе се полагаат колоквиумите.
Повеќе прочитајте на Фактор.