Ќе извршат самоубиство со прекумерна доза на апчиња: Хаос настана во музејот „Прадо“ во Мадрид
Медиумската куќа „Кадена SER“ објави фотографија на која петмина демонстранти, од кои еден во инвалидска количка, стојат пред познатата слика на Диего Веласкез „Мали дворски дами“.
Имано, група луѓе кои преживеаја масовно труење со масло од репка пред 40 години, го зазедоа музејот „Прадо“ во Мадрид, а ако не се исполнат нивните барања, се закануваат дека ќе извршат самоубиство за неколку часа.
„Шест часа по влегувањето во оваа просторија ќе почнеме да пиеме апчиња“, твитнаа утрово на профилот на жртвите од случајот од 1981 година кој погоди илјадници луѓе.
„Во нивното соопштение со премиерор Педро Санчез, се бара да интервенира за да им помогне на жртвите на еден од најголемите светски скандали поврзани со труење со храна.
Во овој случај беа затруени илјадници луѓе
ÚLTIMA HORA | Un grupo de víctimas del aceite de colza se encierran en el Museo Del Prado y amenazan “con retransmitir en directo su descanso eterno” si el presidente del Gobierno no atiende sus demandas
— Radio Madrid (@RadioMadrid) October 19, 2021
“Pasadas 6 horas empezarán a ingerir pastillas” pic.twitter.com/zhWhDVRsBf
Околу илјадници Шпанци се разболеа од разни белодробни болести кои лекарите подоцна ги поврзаа со конзумирање преработено масло од репка. Илјадници Останаа доживотно со бројни здравствени проблеми.
Портпаролот на музејот и уметничката галерија на „Прадо“, не бил достапен за коментар.