Ќе ја препознаете ли: Која позната македонска пејачка е на фотографијата?

Ќе ја препознаете ли: Која позната македонска пејачка е на фотографијата?

Луѓето карантинот го искористија за да ги средат своите домови, а многумина од нив пронајдоа различни предмети од некои поранешни времиња. Едни си ги пронајдоа омилените играчки од детството, други пак некои заборавени украси, трети облека која заборавиле дека воопшто ја имаат, но најбројни се оние кои пронајдоа стари фотографии од детството.

Ниту познатите личности не се издвојуваат од оваа група, а одличен пример за тоа е познатата македонска пејачка Андријана Јаневска. Имено, таа сподели фотографија од своето детство, а во описот на истата посочи за која намена била фотографирана.

„Слика од мојата прва слободна карта за автобус. Јас пред 30 години, кога одев сама на музичко трипати неделно.“ - стоеше во објавата.


Денес, иако пејачка повеќе не е толку активна на музичката сцена, таа сепак не се откажа од музиката. Андријана е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје и целото свое знаење им го пренесува на идните генерации.

Може да ве интересира:

Ќе го освојува Јутјуб: Синот на Андријана Јаневска стана Јутјубер

Можеби ќе ве интересира: