Ќе се борам против заборавот: Синот на Марина Туцаковиќ се огласи по повод „тетратката на должници“ од естрадата

Ќе се борам против заборавот: Синот на Марина Туцаковиќ се огласи по повод „тетратката на должници“ од естрадата

Објавена во: Живот // Живот

По приказните дека Марина Туцаковиќ на семејството му оставила тетратка со листа на должници од естрадата, се огласи и нејзиниот син Милан Лаќа Радуловиќ.

Тој на Твитер сподели низа објави на таа тема, наведувајќи дека во прашање се невистини.

„Редно време е да се огласам во ситните часови. Сè што читавте во медиумите овие денови, а е во врска со мојата мајка и со мене, не е вистина. Како што инаку нè наведува човечкиот нагон, од смртта се браниме со банализација на една тетратка со долгови или пак икебана. Естрадата Вендета не ме интереси“ - напиша тој.

„Јас ќе се борам портив заборавот, она што на нашите простори е како казна за сите оние по кои ништо нема да се нарекува“ - додаде во наредниот Твит.

„Во превод, паметете по нејзините песни“ - заклучи тој.

фото: Youtube 1tv.mk/Tvrda Priča / Nešto Drugačije

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: