ЌЕ СЕ ОДРЖИ „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА - СПОРТСКА АВАНТУРА

ЌЕ СЕ ОДРЖИ „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА - СПОРТСКА АВАНТУРА

Објавена во: После „Школо“ // PR

„МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА - СПОРТСКА АВАНТУРА 2020“ ќе се одржи во Берово на 19 септември 2020 година, во организација на Планинарскиот Спортски Клуб Малешевска Корија, Берово, целосно поддржана на „Европската недела на Спорт Македонија “, со наслов # Биди активен, предводен од Агенцијата за млади и спорт.

Реализирањето на овој подпроект, две планински велосипедизам - „МТБ“ тури, кои поминуваат низ многу атрактивни предели на Берово и неговата околина, како неколку културни објекти, природни знаменитости, Езерото, вековни шуми, пространи видици, многу забава и дружење, е наменет за љубителите на природата, младите, рекреативците, спортистите, како и за оние љубопитните кои сакаат да ја почувствуваат планината одблиску низ активно искуство, има за цел, развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, промовирање на стил за водење грижа за здрав живот на секој поединец, промоција на: идеалниот планински терен на околината на Берово за планински спортови, како планински велосипедизам, планинарење, планинско трчање..., 25те планински премиум велосипеди кои се нудат за изнајмување и многуте подготвени планински маркирани патеки за погоре спомнатото.


Сето ова ја збогатува  туристичка понуда на Малешевијата, на кое јас како претседател на здружението ПСК Малешевска Корија  и генерален менаџер на Хотел Манастир, Берово и моите колеги работиме многу посветено, создавајќи континуирано нови туристички производи и понуди, со крајна цел, здрав живот,  зголемен број на дојдовни туристи во Малешевијата, кое имплицира јакнење на економијата и апропо намалување на иселувањето на младото население, од овој прекрасен планински рај- истакна г-ѓа Дина Муцунска, Претседател на Планинарско Спортскиот Клуб „Малешевска Корија“ – Берово.





Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: