Ќе се прогласи кризна состојба: По што се разликува со вонредната состојба?

Ќе се прогласи кризна состојба: По што се разликува со вонредната состојба?

Објавена во: Живот // Живот

Премиерот на државата Зоран Заев за Телевизијата 21 исткана дека е донесена одлука за воведување на кризна состојба на Управувачкиот комитет.

„Донесена е одлука за кризна состојба за 30 дена на управувачкиот комитет, а утре наутро во 08:30 часот ќе се одржи седница на Влада и ќе се донесе одлуката.“

Минатата година во Македонија беше прогласена вонреда состојба, а истата беше донесена како последица од коронавирусот.

Главната разлика помеѓу кризната и вонедната состојба се состои во тоа што вонредната и кризната состојба овозможуваат справување со состојбата на различен начин, така што во кризна состојба на Владата ѝ е овозможено користење на дополнителни ресурси со цел справување со ризиците, додека за време на вонредна состојба Владата има на располагање дополнителни правни механизми, односно има право да донесува уредби со законска сила, кои овозможуваат поголема ефикасност при управување со состојбата. Имено, уредбите со законска сила самостојно ги донесува Владата без учество на Собранието, така што нивното донесување е значително побрзо споредено со времето потребно да се донесе одреден закон низ собраниската постапка.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: