Ќе се разнежните: Како ужива синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ на јахтата на Брена?
Синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ моментално престојува на нивната семејна јахта, на која има свое специјално катче.
Младата пејачка Александра Пријовиќ замина на одмор со сопругот Филип Живојиновиќ, а тие моментално престојуваат на величенствената семејна јахта.
Синот на Александра и Филип, Александар, судејќи по сѐ ужива со родителите на море и за таа прилика, тие само за него направиле мало катче од соништата на самата јахта.
Имено, тој престојува во куќичка на дување, која воедно има и мини базен, а за целото време се забавува, додека пред него се простира боженствениот поглед кон копното.
Гордата мајка го забележа овој момент и го сподели со своите следбеници на Инстаграм. По ова може да се заклучи дека таа и Филип се грижат за секој детаљ со цел да му удоволат на наследникот.