Ќе се скратат ли часовите во основните и средните училишта во Македонија?

Ќе се скратат ли часовите во основните и средните училишта во Македонија?

Објавена во: Совети // School zone

Движењето „Македонска Модерна“ - новото политичко движење на македонската сцена кое викендов имаше јавна промоција, денеска преку социјалните мрежи наведува дека е можно да има кратење на часовите во основните и средните училишта во државата, како дел од мерките за штедење.

„Неофицијално дознаваме дека Министерството за образование има намера да предложи до Владата намалување на должината на часовите во основното и во средното образование, како дел од мерките за штедење“, пишуваат од движењето на Фејсбук.

Од таму наведуваат дека се „против какво било намалување на должината на часовите во основното и во средното образование, како и преземање на какви било кратења на наставните планови и програми“, со одбразолжение дека Владата и општините се должни да изнајдат финансиски средства за училиштата непречено да ја остваруваат својата образовна и воспитна функција.

За почеток, како мерка за штедење, дополнуваат во објавата, Владата може да укине најмалку 10% од функционерските непродуктивни позиции во министерствата и во директоратите, кои служат само за задоволување на нивната партиска камарила.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: