Ќе те освои веднаш: Инстаграм воведува нова опција

Ќе те освои веднаш: Инстаграм воведува нова опција

Опција која долго време ја посакувавме.

Инстаграм веќе некое време ја тестира оваа опција, а сега почнаа да ја воведуваат. Засега е достапна кај мал број корисници, но Mosseri наведе дека се надева дека по тестниот период за време на кој ќе се увери дека се работи како што треба, ќе стане достапна за сите.

Иако бројните апликации за допишување веќе подолго време имаат опција за испраќање и примање на пораки на сите уреди, пораките на Инстаграм корисниците засекогаш може да се испраќаат само од мобилен. Извршниот директор на Инстаграм, Adam Mosseri, најави дека наскоро тоа ќе се промени. Веб верзијата би имала еднакви опции како и онаа на мобилен. Корисниците ќе може да одговараат на пораките, да започнаваат нови разговори (индивидуални и групни), а пораките ќе можеда се лајкуваат и во нив ќе може да се споделуваат фотографии од компјутер. Доколку корисниците на својот компјутер ја одберат таа опција, за пристигнатите пораки ќе им доаѓа и известување.

Оваа опција би можела значително да го олесни животот на деловните корисници и инфлуенсери кои со својата публика често комуницираат преку приватни пораки. Инаку, Инстаграм опцијата за директни пораки и веб верзијата ја има уште од 2013 година, па на многумина не им е јасно зошто им требаше толку време за да го поврзат тоа.

Можеби ќе ве интересира: