Ќе те праша староста, каде ти беше младоста
Дали веќе ја составивте вашата животна to - do листа? Доколку не сте, дојде вистинското време за тоа. Студентските денови се идеално време за патувања, победување на стравовите, учењето и ризикувањето. Затоа пробајте некој од предизвиците од оваа листа.
# Искористете што се уште не сте врзани за едно место - патувајте каде што можете.
# Научите повеќе странски јазици. Никогаш не знаете кога ќе ви затребаат.
# Посетете концерт на голем музичар или одвојте повеќе пари за влезница на некој познат фестивал.
# Победете ги своите стравови. Се плашите од висина? Испробајте банџи џампинг.
# Живеете го животот по свое - не дозволувајте стереотипите да ве ограничуваат.
# Научете да се цените самите себе и поминете време во друштвото на луѓето поради кои добро се чувствувате.
# Образованието е важно. Учете кога ќе можете.
# Не оптеретувајте се со туѓото мислење.
# Волонтирајте. Освен што ќе им помогнете на другите, ќе стекнете дополнително искуство и нови пријателства.
# Научете да готвите барем едно гурманско јадење.
# Со очите се гледа се. Немојте само да фотографирате, туку застанете на момент и уживајте во погледот.
# Создадете ги првите деловни контакти. Никогаш не знаете кога ќе ви послужи.
# Ризикувајте, бидејќи оној кој не ризикува не профитира.
# Грижете се за своето здравје. За неколку години ќе бидете благодарни на самите себе.
# И за крај, секогаш завршете го започнатото.