Ќе ве разнежни: Слепо девојче пее дует со Бијонсе (ВИДЕО)
За време на светската турнеја на Бијонсе, на еден концерт било присутно слепо девојче по име Софи, која имала проблеми со слухот и добила посебен третман од пејачката.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се забележи дека Софи е голем обожавател на Бијонсе, но и беше овозможено целосно да ужива во присуството на пејачката на концертот.
Бијонсе ја покажа својата хумана природа во моментот кога слезе и клекна пред слепото девојче и пееше за неа и со неа.
Додека пееше, го допираше девојчето по косата и лицето. На лицето на слепото девојче можеше да се забележи широки насмевки во моментот кога ја почувствува пејачката.
Бијонсе не застана само со допирот на девојката, туку и
ја натера Софи заедно да отпеат при што го отпеа стихот „To the left to the
left“ што е реплика во една од нејзините песни.
Неколку реакции следеа за убавото видео и љубезноста која Бијонсе ја покажа кон девојката.
„Прекрасно. Сакам уметници кои се скромни и што сфаќаат дека љубезноста што ја покажуваат може да има влијание врз нивната публика“, е еден од коментарите.
Фото: Инстаграм
Извор: https://www.legit.ng/