Ќе ви го разубави денот: Бебе ја пее „You'll Always Be My Baby“ од Мараја Кери
Една мајка од САД останала изненадена кога нејзиниот мал син го отпеал хитот на Мараја Кери „You'll Always Be My Baby“...
Изгледа дека Мараја Кери би можела да има силна конкуренција кога е во прашање пеењето, особено високите тонови. А, конкуренција и е шестмесечното бебе Логан.
„Пеев и одеднаш забележав дека Логан ме копира. Продолжив да пеам, го гледав и си размислував 'Оф мој Боже! Дали тој се шегува со мене?', а потоа реков: 'Ова морам да го снимам!'“ - раскажува оваа горда мајка.