Ќе ви застане кнедла во грлото: Потресно писмо на дете чии родители се разведуваат

Ќе ви застане кнедла во грлото: Потресно писмо на дете чии родители се разведуваат

Објавена во: Совети // Семејство

Неговите родители се разведуваат, а тој одлучи на најдобар начин да ги потсети дека не страдаат само тие, туку и тој, нивното дете.

Покажувајќи како децата ги чувствуваат последиците од разводот, ова дете ги претвори сите свои емоции во зборови. Неговото емотивно писмо брзо стана хит на Интернет, а трогателните зборови стигнаа до секој родител што го прочита.

„Драги мама и тато, знам дека страдате. И јас страдам, чувствувам како се хранам од вашата напнатост, страв и болка. Иако сум млад и не можам вербално да опишам што се случува во нашиот живот, чувствувам како влијае тоа. Срцето ми се крши секогаш кога морам да слушам ваша кавга. Моето чувство за сигурност исчезна.

Ве молам, не претпоставувајте дека сум силен. Не претпоставувајте дека мојот живот ќе биде ист како порано и дека ќе продолжам да ве сакам исто.

Јас сум човек, исто како вас. Моите потреби се исти како и вашите. Ми треба љубов, внимание, грижа, стабилност, постојаност, приврзаност, разбирање, трпеливост и најмногу од сè, ми треба да се чувствувам сакан.

Кога се расправате за мене и ме ставате во центарот на вашите расправии, ми испраќате порака дека победата во расправијата е поважна од мојот живот. Од вас учам дека е подобро да се биде во право отколку да се биде сакан.

Ме учите дека мојот друг родител е личност која е невозможно да се сака и која постојано прави грешки, и на некој начин сфаќам дека и јас сум грешка. Можеби не го разбирате ова денес, јас сум толку млад што не размислувате ниту за мојата иднина, но поради вас, имам поголеми шанси да се разведам некогаш. Мојата безбедност е ваша должност. Без вас и вашата заштита, нема кој да ме брани на овој свет.

Еден ден, оваа почетна болка ќе згасне. Но, впечатокот за тоа какви родители сте биле за време на оваа криза, никогаш нема да згасне. Или ќе го почувствувам вашето чувство на несебичност, поддршка и заштита или ќе имам трага во моето срце со пораката: На добрите луѓе им се случуваат добри работи. Сигурно сум лош“.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: