Ќе видиме како ќе се снајде во ова лудило: Шерифовиќ за доаѓањето на Цеца во „Ѕвездите на Гранд“
Видно расположена на снимањето на првата емисија од новата сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, пристигна Марија Шерифовиќ во кое веќе 6 години е член од жирито.
Таа истакна дека се радува на новата сезона и на кандидатите, а сите ги изненади со зборовите дека ова ќе биде последна сезона во која ќе ја гледаме.
„Максимално се радувам на новите случувања. Максимално ќе се потрудам да и во оваа сезона моите кандидати поминуваат најдобро и истовремено дека со тие три круни ќе се поздравам со натпреварувањето“ - кажа Марија, а потоа објасни зошто ја донела оваа одлука.
Во оваа прилика, Марија го искоментира и доаѓањето на Цеца во жирито:
„Цеца и јас се познаваме и почитуваме, седна на нашата маса па ќе видиме како ќе оди тоа. Приватно не ја познавам толку добро Цеца, но сме се среќавале, так ашто не знам што може таа да допринесе на ова шоу... Читав разни коментари, ја карактеризираат како мирна жена, така што ќе видиме како ќе се снајде во ова лудило, но ајде да веруваме дека ќе успее и дека сè ќе биде супер“.