„Ќерче остани така светла, весела и забавна како што си“: Ќерката на Сара и Димитар слави роденден
Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски денеска слави роденден.
Слатката Илина полни четири години, а нејзината горда мајка по тој повод објави емотивна посвета на социјалните мрежи.
„ Среќен роденден на најголемата позитивка Илина. Биди жива и здрава ќерче и остани така светла, весела и забавна како што си“, напиша пејачката.
Илина на фотографиите кои ги објави мама Сара е со фустанче и хартиена торта со ликовите од цртаниот едукативен филм за деца „Биби и Боби“.
Фото: Фејсбук и Инстаграм - Сара Мејс