Ќерката на Алек Болдвин откри дека ја силувале: Била без свест, а тајната ја знаела само една личност (ВИДЕО)
Наследничката на актерот откри дека во тоа време многу пиела и имала токсични пријатели...
Алек Болдвин неодамна објави дека со сопругата Хиларија го очекува осмото дете, а следната вест од нивното семејство го шокираше светот.
Имено, ќерката на холивудскта ѕвезда, 26-годишната Ајрланд Болдвин, раскажа дека била силувана и дека за тој настан никој не знаел освен медицинската сестра на која ѝ се пожалила поради прегледот.
Таа на ТикТок кажа дека во тоа време многу пиела, се дружела и била во токсични врски и пријателства.
„Денес нема да раскажам во детали што се случи, но бев силувана кога бев тинејџерка и бев потполно без свест кога се случувало тоа. Тоа го промени текот на мојот живот“ - призна ќерката на Болдвин, а потоа истакна дека подоцна во животот абортирала.
„Ја чував тајната во себе со години, а бидејќи е така, ми нанесе многу болка на мене и луѓето кои ги сакам“ - изјави Ајрланд и додаде дека на тој начин го пренасочува своето внимание.
Кога видела колку „други храбри жени ги споделуваат своите приказни“, почнала да размислува како би изгледал нејзиниот живот доколку останела бремена.
„И да морав да чувам бебе за време на сето она низ кое поминував во тоа време... Имајте на ум, имам медицински ресурси, пари и поддршка до кои многу жени немаат пристап“ - изјави наследничката на Болдвин.
Откри дека подоцна во животот, останала бремена од нејзиното момче:
„Тој прилично јасно ми даде до знаење дкеа никогаш не сакал деца или брак. Го одбрав абортусот, бидејќи точно знам какво е чувството кога ќе се родиш помеѓу две личности кои се мразат. И повторно би се одбрала себе. Тоа е твој живот, тоа е твој избор“.
фото: Принтскрин / ТикТок@irelandshmireland I’m here for you #fyp #roevwade #womensrights original sound - Ireland