Ќерката на Ана Михајловски е нејзина копија: Израсна во вистинска убавица, а од мајка ѝ има наследено и една навика (ФОТО)
Ќерката на Ана Михајловски е нејзина копија по мислењето на многу корисници на социјалните мрежи...
Шармантната водителка Ана Михајловски се труди својот приватен живот да го сокрие од очите на јавноста и многу ретко го експонира. Понекогаш знае да сподели фотографија на Инстаграм од своите три деца, но тоа е многу, многу ретко.
Така беше и сега. Имено, Ана е кој води сметка и за својата линија, па редовно тренира. Меѓутоа, овој пат во теретана ѝ се придружи и најстарата ќерка Ива, која по коментарите на многумина е копија на мама, а ова го потврди и самата водителка.
„Мала јас“ - напиша Ана на фотографијата.
Ива израсна во вистинска убавица, а ако судиме по фотографијата и таа се труди да води што поздрав начин на живот. Вистински пример ѝ е познатата водителка, која својата линија ја доведе до совршенство.
Водителката зад себе има два брака, но своевремено како бомба одекна веста дека е во романса со актерот Вук Костиќ, иако нивната љубов не траеше долго. Ана ја доби Ива во врската со сопственикот на продукциската куќа „Emotion“, Горан Стаменковиќ, додека со бизнисменот Мирко Грубин ги има ќерката Зоја и синот Петар.
фото: Принтскрин / Инстаграм