Ќерката на Чолиќ се најде на Тиндер, веднаш се огласи со остра порака: Блокирајте го „пациентот“ (ФОТО)
Таа беше мета на измама...
Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ се најде во многу незгодна ситуација, кога нејзин лажен профил се најде на Тиндер.
Таа веднаш се огласи на Инстаграм, каде инаку е многу активна и каде ги објавува своите фотографии во разни изданија, па апелираше на следбениците да го пријават лажниот профил направен на нејзино име.
„Не знам како функционира ова, но секој кој има Тиндер нека го блокира „пациентот“ кој се претставува лажно“ - категорична беше ќерката на Чолиќ.
На профилот на Тиндер, како што покажа, стои нејзина фотографија од плажа на која е во костим за капење, во провокативно издание, под името „Марина“.
Инаку, Чолиќ порано ја коментираше активноста на ќеркат на Инстаграм и тоа што со своите фотографии привлекува голем број на следбеници.
фото: Принтскрин / Инстаграм