Ќерката на Џеј Ло повеќе не се декларира како девојче: Пејачката пред илјадници гледачи ја потврди веста (ВИДЕО)

Ќерката на Џеј Ло повеќе не се декларира како девојче: Пејачката пред илјадници гледачи ја потврди веста (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Ќерката на Џеј Ло се декларира како родово небинарна личност, а пејачката тоа го потврди пред полн стадион во Лос Анџелес...

Џенифер Лопез настапи со ќерката Еме на еден настан во Лос Анџелес и го потврди она за што се зборуваше подолго време - Еме повеќе не сака да биде девојче.

Ќерката на Џенифер Лопез одлучи себе повеќе да не се декларира како женско, а ни како момче и бара секој кој зборува за неа да се служи со заменката „тие“, што направи и нејзината мајка кога ја најави да излезе на сцената.

„Последен пат кога ги прашав да настапуваат со мене, не сакаа. И ова е многу посебна прилика. Тие се многу зафатени, секогаш „букирани“ и скапи. Многу ме чини секој пат кога ќе дојдат, но вреди бидејќи тие се мојот омилен партнер за дуети“ - кажа Џеј Ло, најавувајќи ја Еме.


Нејзината ќерка на сцената се појави во шорцеви и кошула во розово боја, црни чизми и црн качкет. Микрофонот ѝ беше во боја на виножитото за поддршка на ЛГБТ заедницата, а видеото од настапот со мајка ѝ има повеќе од стотици илјади прегледи.



фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: